еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Новите мутации нема да предизвикаат нова пандемија на коронавирусот, вели директорот на европската канцеларија на СЗО

Ширењето на нови мутации во коронавирусот нема да предизвика нова пандемија, изјави директорот на Европската регионална канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге за шпанскиот весник „Паис“.

– Новите мутации сурово не потсетуваат дека вирусот сè уште не напаѓа. Но, ова не е нов вирус. Ова е нормална еволуција на секој патоген што се обидува да се адаптира на својот домаќин. Ова не е почеток на нова пандемија, но мора да бидеме многу будни, нагласи Клуге.

Тој смета дека будноста е важна, бидејќи новите мутации можат да предизвикаат повторни инфекции, како и побрзо ширење на заразата. Ова ќе ја комплицира работата на здравствените системи во одделни земји. Покрај тоа, новите мутации можат да влијаат на ефикасноста на вакцините.

– Ако бидеме сведоци на побрзо ширење на коронавирусот и зголемување на движењето на вакцинирани лица, може да има зголемување на смртноста, смета Ханс Клуге.

Тој објасни дека 2021 ќе биде уште една година со коронавирусот, но болеста сега ќе биде попредвидлива и полесно ќе се контролира.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На граѓаните од реон од Центар во Скопје нема кој да им ја носи поштата, бидејќи поштарот си дал отказ

Редакција

Владата не нуди никаков надоместок: Лажна веб страна краде податоци за кредитни и дебитни картички

Редакција

Игротека од Неготино секој месец бесплатно ќе организира по еден роденден за дете од социјално загрозено семејство

Редакција