еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Парите за референдумска кампања за инвестиции во образованието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил се огласи по прашањето за кампањата за референдумот.

„Поттикнат од дебатата која се отвори за користење на средствата за кампањата за референдум, кој се однесува за договорот со Грција, а притоа потребно е да се разграничи дека и покрај сите отворени манипулации и несериозни спинови, претстои кампања за договор со нашиот јужен сосед, а не за членство во ЕУ или НАТО, што е сосема друга тема, сакам да истакнам дека на Македонија повеќе од кампања и се потребни инвестиции, во образованието, младите, економијата, здравството, земјоделието бидејќи во прашање се околу 80 милиони денари, пари на граѓаните кои власта, владата и парламентарното мнозинство во Собранието ги наменуваат за референдумската кампања“, напиша Мицкоски.

Тој најави дека ќе предложи на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, доколку постои можност делот од средствата кои се потврдени за ВМРО-ДПМНЕ да се пренамени и истиот да се донира за да се изгради или догради нов објект во состав на големиот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

„Доколку постои правна пречка за тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од делот за средствата и јавно ќе побараме истите средства да се вратат во буџетот, и ќе побараме владата да ги инвестира токму во ова тетовско училиште.

ВМРО-ДПМНЕ со сопствени сили и средства, наогајќи потпора во народот, кој е столбот и вистинскиот извор на власт и легитимитет во оваа земја, пред се одејќи од врата на врата, од дом во дом, во маалата, градовите, селата, ќе учествува во кампањата и ќе биде против овој договор, и во моментот кога ќе го дефинираме конечниот став во однос на самиот чин на гласање, учество референдумот, истиот ќе биде соопштен на граѓаните.

Сопственик на оваа држава е народот, а ВМРО-ДПМНЕ останува со народот. Лицемерно е да се вели дека било кој е за напредок, за инвестиции и подобар живот, а кога треба да се троши за кампања за договор кој во својата суштина е штетен, не се жалат ниту средства ниту ресурси, додека се останато се запоставува. Јас го одбирам образованието пред скапите кампањи. Јас ја одбирам Македонија и ќе се борам за нејзината иднина!“, напиша Мицкоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

Употребата на имињата на цар Борис Трети и цар Фердинанд е за да се покаже заедничка историја со Бугарија до 1944, вели историчарот Панов

Редакција

Нов, втор случај на позитивен на Ковид-19 во општина Маврово и Ростуше

Редакција