еМагазин
Image default
Бизнис

Уставниот суд донесе времена мерка за ДУП во Центар

Уставниoт суд на денешната седница одлучил да донесе времена мерка со која се запираат сите активности на Општина Центар кои се однесуваат на издавање на одобрение за градење врз основа на ДУП Градска четврт Ј07 донесен од советот на Општина Центар во 2014 година.

Оваа времена мерка, како што појасни портпаролката на Уставен суд, Христина Беловска, ќе важи сè до донесување на конечна одлука на Судот, бидејќи Уставниот суд одлучи да поведе постапка за одлуката со која е донесен ДУП-от односно изрази сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на одлука со 11 гласа „за“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордни 310.000 пензионери во Македонија: Просечната пензија 14.455 денари

Редакција

Уставен ќе поведе постапка за Законот за данок на солидарност

Редакција

Кои фирми ќе бидат ослободени од персоналец и данок на добивка за март, април и мај

Редакција