еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТЕЦ Неготино утре ќе почне со пуштачки активности за ставање на електраната во функција на производство 

Вечерва завршуваат сервисните и ремонтните активности на генераторот и на другата опрема во ТЕЦ Неготино, и утре во 7.30 часот почнуваат пуштачките активности за ставање на електраната во функција на производство, информираат од ЕСМ.

-Во договорот со економскиот оператор кој ги изведуваше работите беше наведен 15 декември како датум за завршување на зафатите. Но, со засилен интензитет на работа на економскиот оператор, и зголемен ангажман на вработение кој во изминатите денови се вршеше под засилен надзор од генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и на директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, рокот е скратен за 10 дена.

Во услови на енергетска криза тоа ќе значи економски и енергетски бенефит.

Во сервисните и ремонтните активности беа вклучени економскиот оператор Монтинг инженеринг, вработените во ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ, РЕК Битола и консултанти од производителот од Украина.

Генераторот е произведен во 1975 година и во ТЕЦ Неготино е ставен во употреба во 1978 година. Ова е прво отворање и големо ремонтирање на генераторот.

АД ЕСМ вложува максимални напори и засилено ги става во функција сите капацитети, со цел да се задоволи зголемената потреба од домашна електрична енергија, со оглед на зголемените задолжувања од страна на Владата кон АД ЕСМ за испорака на енергија кон Универзалниот снабдувач, институциите, како и бизнис секторот, велат од ЕСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега попишани вкупно 618.120 лица, 191.839 домаќинства и 257.099 станови

Редакција

Ученичка во Скопје направила список со закани за соученици

Редакција

Во декември лани просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, 5,02%

Редакција