еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Евакуирани и деца од градинка по дојавата за бомби во училишта во Кавадарци

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот,  информираа од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, по информацијата за закани со бомби во пет училишта во Кавадарци.

– Се замолуваат родителите, нема потреба од паника, учениците ќе бидат вратени на настава откако екипите ќе ги прегледаат објектите и кога ќе се утврди дека тие се безбедни, соопштија од Кабинетот на Јанчев.

Оттаму појаснија дека имало пријава за поставена бомба во неколку основни и средни училишта и дека се  евакуирани учениците од ООУ „Тоде Хаџи Тефов’’ во Кавадарци и подрачно училиште во село Бегниште, „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци и подрачното училиште во село Сопот, „Страшо Пинџур“ во Кавадарци и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново,  гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци и СОУ „Ќиро Спанџов Брко’’.

Покрај училиштата, во село Марена биле евакуирани и деца во градинката поради непосредната близина на подрачното училиште.

Дополнително, од СВР Велес информираа за МИА дека закана за бомба имало во уште едно средно училиште, откако претходно соопштија дека закани има во пет училишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иноваторот Ангелков од Кавадарци со решение за заканите за бомби во училиштата

Дојави за бомби во две средни и три основни училишта во Кавадарци

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синдикалната минимална кошничка за септември 48.379 денари

Редакција

Малолетници сакале да се фотографираат на зградата на поранешен „Житомел“, еден од нив паднал во силос за жито

Редакција

Македонец кој живее и работи во Виена, нуди бесплатно сместување за семејството на Леонид

Редакција