еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Весна Дамева е нов претседател на Судски совет

Весна Дамева е нов претседател на Судскиот совет.

Како единствен предлог Дамева, на денешната седница беше изгласана со десет гласа „за“ и еден „против“.

Изборот на Дамева, доаѓа откако Павлина Црвенковска минатата недела, на неколку месеци од истекот на мандатот поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет.

По гласањето Лорета Георгиева, член на Судскиот совет побара гласањето да биде јавно со кревање на рака. По повторување на процесот на гласање резултатот повторно беше ист. Десет гласа „за“ и само еден „против“ (Лорета Георгиева) за изборот на Дамева за претседател на Судскиот совет.

Функцијата претседател на Судски совет се избира со мандат од две години од редот на членови на советот, кои се избираат од Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Павлина Црвенковска, претседателката на Судскиот совет која поднесе оставка

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОН: Светот да се подготви за поинтензивни топлотни бранови

Редакција

Kондуктер во Железници осомничен за криумчарење мигранти

Редакција

Кривична за тројца полицајци од ПС Центар за примање поткуп

Редакција