еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Вучиќ се предомисли и дојде на Самитот во Тирана: Подобро да сте на масата, отколку мени на неа

Во Тирана се одржува првиот Самит на земјите-членки на Европската унија и земјите од Западен Балкан, на кој по неколкудневна неизвесност присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој на новинарите во Тирана им порача дека е подобро да се биде „за масата отколку на масата“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Важно е, не само поради пријателството со Албанија и Отворен Балкан, секогаш е подобро кога сте на маса, оти ако не сте за масата. Тогаш обично сте на мени и ова е добра можност да ги чувате интересите на Србија, изјави Вучиќ, во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Тој на новинарите им изјави дека Србија останува посветена на процесот на дијалог со Приштина и на процесот на европска интеграција, а во исто време штитејќи ги своите национални и државни интереси.

Тој кажа дека дошол да го објасни ставот на Србија и да го слушне ставот на лидерите на ЕУ.

-Јас сум реалист, тука сум да научам многу од луѓето од ЕУ, да ги слушам и конечно да ја објаснам позицијата на Србија, рече тој.

Вучиќ повтори дека властите во Србија се свесни за обврските што ги презеле во рамките на евроинтеграциите, дека е свесен дека Србија се обврзала да ги усогласи своите одлуки со одлуките на Европската унија, но нагласи и дека територијалниот интегритет на Србија бил прекршен „на најлош можен начин во 1999 и 2008“ и дека и за тоа ќе разговара со претставниците на ЕУ.

На новинарско прашање да ги коментира критиките дека Србија е премногу блиска до Русија, Вучиќ рече дека Србија е независна земја на европскиот пат и така ќе остане.

-Србија е независна земја. Ако на некои им е полесно да не критикуваат и да кажат дека сме блиску до Русија, тоа е она што Лајбниц го нарече ‘доволна причина’ – да критикуваш некого кога ништо немаш да додадеш, кажа Вучиќ.

-Верувам дека сите прочитавте, а некои и напишаа, дека Србија во последните осум, девет месеци се подготвуваше, по инструкции на Руската Федерација, да нападне други земји на Балканот, да предизвика нестабилност и неизвесност.

Ние тоа го демантиравме, не со изјави и декларации, туку со дела, порача српскиот претседател.

Вучиќ најави дека одделно ќе се сретне со премиерката на Италија и со премиерите на Холандија и Белгија. Тој веќе се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

-Имав многу добар разговор со Урсула фон дер Лајен. Се заблагодарив за 165 милиони евра помош за српскиот енергетски сектор и разговарав за сите актуелни прашања меѓу Србија и ЕУ, напиша Вучиќ на Инстаграм, со фотографија од средбата.

Разговарав и со мојот пријател Еди Рама за иницијативата Отворен Балкан и нашите заеднички прашања, напиша Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија нема да учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана, поради срамната реакција на ЕУ за изборот на Рашиќ

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 87 заболени од корона вирусот од 1.156 тестирани, најмногу во Скопје, Гостивар и Куманово

Редакција

Светските резерви на храна би можеле да бидат загрозени како домино ефект од руската инвазија на Украина

Редакција

Манипулирање со граѓаните: Во Владата изгледа не го прочитале Законот за употреба на јазиците

Редакција