Точката за избор на директор на Академијата за судии и јавни обвинители, Управниот одбор ја тргна од дневен ред на денешната седница, поради пристигната уште пријава по пошта од уште еден кандидат, и потреба да биде разгледана од Комисијата за избор.
Изборот на директор, како што информираат, ќе биде дополнително закажан.
Пристигнатата пријава по пошта е од судијата Ангел Димовски.
Со тоа во трка за директор на Академијата се четворица кандидати.
Покрај Ангелов и доскорешниот директор Наташа Габер-Демјановска, пријави поднеле и судиите Емилија Шопар-Јованова и Ненад Савески.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.