еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апанажата на разрешените функционери пред укинување – Уставен поведе постапка

За Уставниот суд е спорнa aпaнажата на функционерите и пратениците кога самите даваат оставки или кога се разрешени, па денеска поведе постапка за членот 22 од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица кој им го овозможува ова право.

Тоа, велат од Уставниот суд, значи дека Судот е на чекор да го укине правото на функционерите кои иако самите си даваат оставки или се разрешени од функциите поднесуваат барања и си ја земаат платата и до година дена, а не се веќе на функција.

Во членот за кој е поведена постапка е предвидено дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен, ги има правата на остварување на плата по престанувањето на функцијата. Лицата додека го остваруваат правото на плата, имаат право и на надоместок за користење на годишен одмор, според став 2 од членот 22 од Законот.

Што се однесува до останатите одредби Судот одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на членовите: 19, 20, 21, 23, 24 и 25 од Законот означен во точката 1 од ова решение и одлучи да ја отфрли иницијативата по однос на барањето за оцена на меѓусебната согласност на одредбите означени во точките 1 и 2 од ова решение со членовите: 105, 106 и 113 од Законот за работни односи.

Ваков случај имаше пред четири години кога апанажа побараа членовите на Државната изборна комисија кои во 2017-та година сами си поднесоа оставки под притисок на јавноста и американскиот амбасадор Џез Бејли, кој јавно ги искритикува дека си изгласале бонуси за локалните избори во висина од четири и две дополнителни плати.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот одреди осум дневен притвор за Јакимовски, кој им се закануваше на новинарките Јордановска и Коровешовска

Редакција

Пендиков ќе добие и стипендија за студии, откако бугарската држава му даде стан и обезбедување

Редакција

Ќе ја смени ли Филипче одлуката за возраста за вакцинирање со „АстраЗенека“, следејќи го примерот на Германија

Редакција