еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Гркинката Ева Каили, потпретседателката на Европскиот параламент, која е уапсена за корупција и перење пари

Меѓу уапсените за корупцискиот скандал во Брисел, поврзан со Катар е и потпретседателката на Европскиот парламент (ЕП) и европратеничка од грчката партија ПАСОК- Движење на промена, Ева Каили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се освен Гркинката Ева Каили е уапсен во скандалот со корупција во Брисел поврзан со Катар

Во скандалот со корупција во Брисел вмешана и потпретседателката на Европскиот парламент од Грција, Ева Каили

Грчката европратеничка е дел од групата Социјалисти и демократи (S&D) од каде е суспендирана, а Каили веднаш беше исклучена и од нејзината партија ПАСОК.

Таа е една од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент, од кои пет се од групата претставници на S&D.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вреќи со пари најдени во домот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили во Брисел

Која е Каили

Каили, која во Грција ја нарекуваат и „барбиката на политиката“, според нејзината официјална биографија е родена 1978 година.

Член е на подмладокот на ПАСОК од времето кога посетувала средно училиште, на 14 години, а на 24 години стана најмладата претставничка во градскиот совет на Солун.

Од 2003 до 2007 година работеше како водител на вестите на грчкиот телевизиски канал Мега.

Ја напушти телевизијата кога беше избрана за пратеник во грчкиот Парламент, каде што беше избрана на два последователни избори.

Од 2014 година, таа е членка на Европскиот парламент, каде што беше исклучително активна во повеќе области.

Како потпретседател на ЕП, Каили, покрај активностите во различни работни групи, беше задолжена и за односите со Блискиот Исток, што на крај и пресуди на нејзината политичка кариера.

Го фалеше Катар

Таа во Европскиот парламент во неколку наврати годинава отворено го пофали Катар, како земја која, според неа, со реформите во работните права, служи како пример за останатиот арапски свет.

Катар пред Мундијалот беше на удар на критики од бројни меѓународни организации за заштита на човековите права поради нехуманите работни услови на кои се изложени странските работници во таа земја, како и разорниот третман на малцинствата, со посебен акцент на жените и ЛГБТ лицата.

Во резолуцијата усвоена во ноември оваа година, Европскиот парламент го осуди Катар за смртта на илјадници странски работници за време на подготовките за Светското првенство во фудбал и ја повика земјата да ги спроведе сопствените закони кои забрануваат тортура и малтретирање.

Фото: Фејсбук/Каили/Министерство за труд на Катар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште една компанија треба да плати солидарен данок, кај осум се спровела присилна наплата

Редакција

ЕПП во која членуваат партиите на Борисов, Меркел и Мицкоски без коментар за блокадата од Бугарија

Редакција

Обвинителството бара притвор за мажот кој пукаше кај плоштадот Скендербег

Редакција