еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кој се освен Гркинката Ева Каили е уапсен во скандалот со корупција во Брисел поврзан со Катар

Освен грчката европратеничка и сега веќе поранешна потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, во скандалот со корупција, поткуп и перење пари, кој го „тресе„ Брисел уапсен е и нејзиниот партнер, Франческо Џорџи, како и поранешниот италијански европратеник (2004-2019 година), Пјер Антонио Панчери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вреќи со пари најдени во домот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили во Брисел

Која е Гркинката Ева Каили, потпретседателката на Европскиот параламент, која е уапсена за корупција и перење пари

Уапсен е и новоименуваниот генерален секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), Лука Винсентини, кој 11 години беше на чело на Европската конфедерација на синдикати (ETUC), а петтото уапсено лице е Николо Фига Таламанка, директор на невладината организација „Нема мир без правда“.

Белгиските медиуми објавија и дека сопругата и ќерката на поранешниот италијански европратеник Пјер Антонио Панчери се уапсени во петокот во Бергамо, Италија. Панчери исто така беше основач на една од невладините организации што ги истражуваше белгиската полиција, „Борба против неказнивоста“.

Во неговиот дом во Брисел е пронајден износ од 600.000 евра, јавија белгиските медиуми.

Исто така, белгиските власти извршиле претрес, а потоа ги запечатиле и домовите и канцелариите на соработниците на двајца белгиски европратеници, откако заплениле компјутери и други електронски уреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во скандалот со корупција во Брисел вмешана и потпретседателката на Европскиот парламент од Грција, Ева Каили

Фото: Инстаграм/Каили/Министерство за труд на Катар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Погрешно толкување на историјата“ влезе во последната нацрт-верзија, но не како што бара Бугарија

Редакција

Од петок се отвараат границите, а од 1. јули аеродромите без никакви ограничувања

Редакција

Комесарката Мијатовиќ бара носење на легислативата за признавање на трансродовите лица

Редакција