еМагазин
Image default
Локално

Прилепчанка тешко повредена, метален предмет од скеле на објект во изградба паднал врз неа

Врз прилепчанката С.Н.(44), која вчера се движела по улицата „Борка Талески“ во Прилеп, паднал метален предмет од скеле на објект во изградба и се здобила со повреди.

Како што соопшти МВР, таа го пријавила случајот вчера во 17.30 часот во Полициска станица во Прилеп.

Жената била пренесена во Општата болница Прилеп, каде од лекар и се констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за охриѓанец кој бил во „шопинг“ со туѓа картичка

Редакција

МВР во „лов“ на диви тркачи во Скопје: Санкционирани 24 мотоциклисти

Редакција

Почина возач по излетување од пат со влекач „Даф“

Редакција