еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

36-годишен маж загина во сообраќајка на автопатот Табановце-Куманово

Триесет и шестгодишен жител на липковското село Лојане загина во сообраќајна несреќа што се случила денеска на автопатот Табановце-Куманово, соопшти кумановската полиција.

– Денеска во 01:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Табановце-Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(36) од село Лојане, липковско, излетало од коловозот.

На местото на несреќата починал А. А, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, информираа од СВР Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на несреќата.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протоколот за членство на Македонија во НАТО ратификуван и од Чешка

Редакција

„Северномакедонци“ е ненамерна грешка, тврдат од Кабинетот на Макрон

Редакција

51-годишен маж загина во сообраќајката на патот Струмица-Валандово, уапсено едно лице

Редакција