еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дојава за бомба и во основно училиште во Кавадарци

Дојава за поставена експлозивна направа била испратена утрово во основно училиште во Кавадарци, информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

– Околу 08.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето, појасни Самарџиев.

Тој додаде дека во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Минатата седмица, вакви закани беа испратени во шест основни и средни училишта во Кавадарци и се покажа дека дојавите биле лажни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојави за бомба и во Ист гејт и кулите на “Џевахир“

Денеска дојави за бомби во МНР, ГТЦ и неколку училишта во Скопје

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мист енерџи“ го доби тендерот на македонската Пошта за набавка на струја вреден 940.000 евра

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на изборите за градоначалници на Штип и Пласница

Редакција

„Алкалоид“ со 56 нови вработувања и со 72% од консолидираните продажби остварени на странските пазари во периодот јануари-март 2020

Редакција