Лажните дојави со месеци веќе ни се секојдневие, а освен штетата која ќе ја донесат за учениците, сега имаат голем потенцијал да го направат истото и за бизнисот.
Учениците губат часови, кои засега не е јасно како и колку ќе ги надокнадат, а да потсетиме дека децата поради пандемијата со Ковид-19 и учењето од дома веќе изгубија многу.
Последниве денови на таргет на лажните дојави за бомби се и трговските центри, што секако е лошо за нивната работа.
Паника, страв, неизвесност.
Македонските власти отворено кажа дека е тешко да се детектира кој стои зад овие хибридни напади, кои во регионов се случуваат во дури три земји членки на НАТО: Македонија, Црна Гора и Хрватска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за бомби, вели премиерот
Истите почнаа кога започна и војната во Украина, која според предвидувањата на бројни релеватни светски експерти е почеток на нов светски поредок.
Истовремено повторно е тензично на Косово, каде исто така имаше вакви дојави, но и во Србија, чии органи исто така не успеаа да откријат кој стои зад лажните дојави.
Македонските власти побарале помош и од сојузниците во НАТО, ама засега изгледа дека истите ќе престанат кога ќе одлучи тој или тие што стојат позади нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада