еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Заев на прослава на Успение на Пресвета Богородица во црквата „Светa Богородица“ во Осоговскиот манастир

Заедно со граѓаните на Крива Паланка, денеска во црквата „Светa Богородица“ во Осоговскиот манастир, го прославивме големиот христијански празник – Успение на Пресвета Богородица, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Ова е празник на радоста и љубовта. Споделувањето на овие вредности, љубовта и радоста, заедно со добрината нè упатува на помислата која многу често ја забораваме под притисокот на минливите, дневни искушенија, кои стануваат решливи доколку им приоѓаме со добрина, љубов и радост.

На тоа нѐ повикува и овој голем празник. Како добри луѓе, кои сакаме да си помагаме, меѓусебно да си пружиме рака и заедно да се надеваме на подобра иднина на сите нас, во нашата земја.

На сите христијани во Република Македонија ви го честитам празникот“, пишува Заев.

Фото/видео: Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска треба да продолжи сослушувањето на Димовски во Собранието за случајот Онишченко

Редакција

Во Основното јавно обвинителство во Битола нападната јавна обвинителка

Редакција

(Видео) СДСМ и ДУИ се договорија за нова Влада: Зоран Заев ќе биде премиер

Редакција