еМагазин
Image default
Локално

Полицајци со истрели смирувале насилници пред диско во Ресен

На 28.08.2018 година во 03.15 часот по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир во ноќен клуб во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен се упатиле на местото на настанот, каде што го нашле пријавителот Ф.И. и неговата сестра С.И, информира МВР.

Во еден момент, пришло лицето Ц.К. кој најпрвин почнал да ги омаловажува и да им се заканува на полициските службеници, а потоа и на пријавителот кого потоа физички се обидел да го нападне, но во намерата бил спречен од полициските службеници кои пристапиле кон негово приведување.

Ц.К. пружал отпор, а напоредно со ова на местото на настанот се собрала група граѓани од кои четири лица директно се обиделе да го спречат приведувањето. Тогаш еден од полициските службеници испукал предупредувачки истрел во воздух, по што групата се повлекла. Ц.К. е приведен во ПС од ОН Ресен.

За настанот е известен дежурен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно документирање и расчистување на истиот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекар од Итна медицинска помош нападнат во Кавадарци 

Редакција

Уапсен „џепарош“ во Скопје: Оперирал по градски автобуси и на Зелено пазарче

Редакција

14-годишна кавадарчанка нападната од врсничка, случајот пријавен во МВР

Редакција