еМагазин
Локално

Млади скопјани се „веселеле“ со рафали

На 27.08.2018 во Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 19.50 до 20.10 часот било пријавено дека на улицата „Петар Манџуков“ се слушнале истрели од оружје, информира МВР.

Од страна на полициски службеници излезено е на лице место, извршен бил увид во дворно место од куќа, сопственост на С.Т. (56), каде имало семејна веселба, по што на местото на настанот затекнати биле и лицата Љ.Т.(28), А.Т.(21), Е.Т.(22), Д.И.(23). Повредени лица нема. Подигнати биле 16 чаури кои се предадени за понатамошно вештачење. Од лицата затекнати во куќата подигнати се барутни тестови и облека. Се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Безживотно тело забележано во Вардар кај Градско

Редакција

Завршил на Ургентен откако го претепале двајца

Редакција

Полицаец пукал за да спаси колега на кој му држеле пластичен пиштол на слепоочница

Редакција