еМагазин
Image default
Локално

Британец со автомобил удрил во велосипедист во Скопје

Британец синоќа возејќи автомобил „мицибуши“ удрил велосипедист на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје по што повредениот велосипедист е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и задржан на лекување.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека сообраќајката се случила вчера во 20:15 часот кога 51-годишниот Џ.П. од Велика Британија со место на живеење во Бугарија удрил во 39-годишниот М.П.

Велосипедистот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пијан“ сообраќај во Битола: Кај 28 возачи утврдено присуство на алокохол

Редакција

Полицаец со службен пиштол се распукал пред кафана во Крива Паланка

Редакција

Маж нападнал девојка по расправија околу седење во автобус на ЈСП

Редакција