еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Маглата одложи летови во Скопје, намалена видливост и на неколку патни правци

Поради маглата во Скопската котлина дел од утринските летови од Меѓународниот аеродром Скопје ќе се реализираат со задоцнување, покажуваат податоците од веб страницата на аеродромот.

Покрај во Скопје појава на магла со намалена видливост има во Полог, Пелагонија, Куманово, централниот дел на Повардарието.

АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека е намалена видливоста на патните правци Тетово – Групчин, Битола – Прилеп, Скопје – Куманово и Скопје – Велес е намалена на 20 – 30 метри.

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека и во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури.

По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури.

В среда ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе ги намали условите за магла.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за здравство: Повредените патници се контактибилни, но превентивно се врши компјутерска томографија

Редакција

ЕСМ склучи договор со Мис комерц вреден 1,4 милион евра

Редакција

Јовески целосно ќе го преземе СЈО

Редакција