еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Нови 128 објекти за субвенционирано снабдување со струја од 1 јануари преку ЕСМ

Од 1 јануари ЕСМ Продажба го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со електрична енергија по одлуката на Владата како антикризна мерка, кое почна во декември 2022, информираат од компанијата.

„За снабдување по пониска цена од 1 јануари дополнително се вклучени 65 училишта (сега се вкупно 374), 57 фирми од прехранбената индустрија (сега се вкупно 244) и 6 водостопански претпријатија (сега се вкупно 57) .

Со тоа, вкупниот број на субјекти кои ги снабдува ЕСМ Продажба по оваа владина одлука изнесува 675.

Во нив, потрошувачите од прехранбената индустрија добиваат електрична енергија по 80е/MWh, а училиштата и водостопанствата по 95е/MWh.

До 20 јануари е рокот за пријавување за снабдување од 1 февруари 2023 година, за субјектите кои од различни причини досега не поднеле документи или поднеле некомплетни документи за субвенционирано снабдување,“ се вели во соопштението.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неколку лица го нападнале Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија

Редакција

(Видео) Како беше пречекан германскиот канцелар Шолц во Скопје

Редакција

Два дена за изборите неработни, нема да се одработуваат

Редакција