еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Избрканите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе делуваат како независни во нова опозициска пратеничка група

Осумтемина опозициски пратеници, кои гласаа за пристапување кон уставни измени, попладнево до Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери доставиле известувања дека во иднина ќе настапуваат самостојно како независни пратеници и дека формираат нова пратеничка група.

Претседателот на Собранието изјави дека добил поединечни известувања од овие пратеници дека во иднина во Парламентот ќе настапуваат самостојно како независни пратеници.

Во меѓувреме до собраниската архива официјално е доставен акт дека овие пратеници ќе формираат нова пратеничка група.

Најверојатно координатор на оваа пратеничка група ќе биде Елизабета Канческа-Милевска.

Оваа нова пратеничка група во Парламентот, како што велат, ќе делува опозициски и од понеделник ќе ги започне разговорите за нацрт предлозите за уставни амандмани, но во согласност со нивните четири барања што ги доставија  до Собранието пред гласањето за уставни измени минатиот петок.

Во оваа пратеничка група освен Канческа-Милевска ќе бидат и пратениците Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Владанка Авировиќ, Сашо Василевски, Зеќир Рамчиловиќ и Нола Исмаиловска Старова.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски не ги коментира исклучувањата од партијата, но посакува обединето ВМРО-ДПМНЕ кое ќе го урне злото

Тодоров: Во ВМРО-ДПМНЕ сега има три струи

Твитер за превирањата во ВМРО-ДПМНЕ: „Следна за исклучување била струјата“

Иванов: Пратениците постапија спротивно на волјата на народот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Баба Благородна има сто години, новогодишна желба и е пак да прогледа за да си ја види фамилијата

Редакција

Само седум кандидати се пријавиле за Советот за граѓански надзор врз ОТА

Редакција

(Видео) Чептер 4 – 13 години експерт за успешни комуникации

Редакција