еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Твитер за превирањата во ВМРО-ДПМНЕ: „Следна за исклучување била струјата“

Сеир, доза на загриженост и искрени пораки за потребата од опстојување на ВМРО-ДПМНЕ можеа да се забележат на Твитер и другите социјални мрежи, по синоќешните превирања во партијата по кои беа исклучени потпретседателот Митко Јанчев и беше најавено дека ќе се побара исклучување на Сашо Мијалков.

Ви пренесуваме дел од нив:

„Еј што доживеа вмро и Сашо Мијалков.. оној црепон Александар Николовски со радост да кажува дека Сашо Мијалков и Никола Тодоров се исклучени… до лани трчал бурек да им купува….“

„Со време да предупредам: На Македонија и треба сериозна политичка опозиција. На Македонија и треба силно ДПМНЕ исполнета со проевропски кадри – не проруски, квалитетни луѓе, кои ете десничарски ќе си ја сакаат државата и ќе се борат за вистински вредности, а не за пари и криминал“

„Следна за исклучување од ВМРО-ДПМНЕ била струјата“

„Седат Бате Сале, Нино и Митко у Мериот и бираат име за новата партија: ВМРО Народна? Зафатено ВМРО Вистинска? Зафатено ВМРО Македонска? Зафатено, ама ќе ни мрчат Грците ВМРО Татковинска? Зафатено Заеби, идеме у СДС“

„Сашо Мијалков, Никола Тодоров и Петар Богојески се во зградата на ДПМНЕ, на втори спрат затворени во канцеларија. Телефоните им се земени. “Демократски” муабети се прават со координаторот Мицкоски. Се слуша плач…..“

„Суштината на партиското дејствување кај нас одамна се сведе на обезбедување работа, фотеља, пари, моќ за себе. Нема платформа, идеја за развој на државата. Затоа толку добро и лесно врхушките се договараат меѓу себе. Имаат исти цели“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкава моќ има Мицкоски: Што пишува во статусот на ВМРО-ДПМНЕ во делот на разрешувања

Распаѓање или прочистување на ВМРО-ДПМНЕ на Денот на Македонската револуционерна борба?

Каков крај за бате Саше Мијалков: ВМРО-ДПМНЕ се збогува со началникот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Мерката 14.500 денари по вработен, можат да ја користат и занаетчии, фризери, козметичари, земјоделци…

Редакција

Кардиоваскуларна болест најчесто претходно заболување кај починатите од Ковид-19 во Македонија

Редакција

Кривична за возачот кој го возел Палевски до Турција

Редакција