И покрај тоа што Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, не присуствувал на седницата на Централниот комитет (ЦК) на партијата (иако е дел од истиот), за да не влијаел на одлуките, како што информираше потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, никој нема дилема дека имал влијание врз последните одлуки на ЦК за разрешување на потпреседателот Митко Јанчев и членот на Извршниот комитет, Константин Богданов, како и за предлогот за исклучување на Сашо Мијалков и Никола Тодоров.
Тоа и му го овозможува статусот на партијата, кој драстично во овој дел не се разликува од статусите на останатите политички партии.
Што пишува во статусот?
Прашањата за разрешување, номинирање и избор на највисоките органи на ВМРО-ДПМНЕ се регулирани во статусот во неколку членови.
Во членот 25, кој се однесува на претседателот, меѓудругото стои дека тој номинира кандидати за избор и предлага разрешување на потпреседатели и генерален секретар на партијата.
Тој ја има и можноста да номинира кандидати за избор и предлага разрешување на членови на Извршниот комитет на партијата.
Во членот 33, кој се однесува на потпреседателите на партијата, пишува дека на предлог на претседателот на партијата, Централниот комитет избира и разрешува потпреседатели, со мнозинство од вкупниот број членови на Централен комитет.
Целиот статус на ВМРО-ДПМНЕ, погледнете го ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков крај за бате Саше Мијалков: ВМРО-ДПМНЕ се збогува со началникот
Кои се причините: Сашо Мијалков и Никола Тодоров пред исклучување од ВМРО-ДПМНЕ
(ВИДЕО) ЦК на ВМРО-ДПМНЕ поради силна соработка со Заев го разреши потпретседателот Митко Јанчев
Мицкоски побарал вонреден конгрес за да се гласа за негова доверба, ЦК на ВМРО-ДПМНЕ одбил
Фото: ВМРО-ДПМНЕ