еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Распаѓање или прочистување на ВМРО-ДПМНЕ на Денот на Македонската револуционерна борба?

Колку и да се очекуваше дека ќе има превирања во најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ по неуспехот да се спречат уставни измени кои имаат за цел промена на името на државата, можеби никој не очекуваше дека од партијата ќе се бара исклучување на потпретседателот Митко Јанчев и уште повеќе на Сашо Мијалков, кој повеќе од три децении важи за еден од носителите на политики во оваа партија.

Сега останува да се види дали партијата ќе успее да преживее со оглед на тоа што претходно беа исклучени пратениците кои гласаа за уставните измени со што драстично се намали влијанието на оваа партија при носење на одлуките во македонското Собрание. Имено, според најавите на владејчката СДСМ се очекува во иднина и други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка на уставните измени што автоматски би значело и нивно исклучување од партиските редови.

Истовремено, може да се очекува довчерашните фракции во партијата односно таканаречените реформатори да основаат нови партии по рецептот на Љубчо Георгиевски и Љубе Бошковски што би значело дополнително одливање на членството и на сипатизерите на партијата и нејзино раситнување.

Останува да се види дали ВМРО-ДПМНЕ ќе смогне сили да го преживее ова своевидно прочистување или пак ќе стане маргинална партија, а посебно зошто со ваквите политики целосно ја згуба поддршката од Западот, кој како што е општо познато веќе има огромно влијание врз политичките текови во нашата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) ЦК на ВМРО-ДПМНЕ поради силна соработка со Заев го разреши потпретседателот Митко Јанчев

Каков крај за бате Саше Мијалков: ВМРО-ДПМНЕ се збогува со началникот

Колкава моќ има Мицкоски: Што пишува во статусот на ВМРО-ДПМНЕ во делот на разрешувања

Кои се причините: Сашо Мијалков и Никола Тодоров пред исклучување од ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството за бегството на Груевски: До овој момент, нема виновни, само некои пропусти на институциите

Редакција

Полска го раскина договорот за гас со Русија

Редакција

Штипската Пастрмајлијада ќе се одржи на 22 и 23 септември, за догодина се најавува нов концепт

Редакција