еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Полска го раскина договорот за гас со Русија

Полската министерка за клима и животна средина, Ана Москва објави дека Полска одлучила да го раскине договорот со Русија поврзан со гасоводот Јамал.

– Полска го раскина меѓудржавниот договор од 1993 година поврзан со Јамал. Руската агресија врз Украина потврди дека одлуката на полската Влада да биде целосно независна од рускиот гас беше правилна.

Отсекогаш знаевме дека Гаспром не е доверлив партнер, објави министерката Москва на Твитер.

Русија минатиот месец го прекина снабдувањето со гас за Полска и Бугарија преку гасоводот Јамал-Европа.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со лични карти со старото име може да се патува во БиХ, Србија, Албанија и Косово

Редакција

Македонија нема да дозволи влез на мигранти, ќе ја затвори целосно јужната граница

Редакција

Нови 35 случаи на заразени со корона вирусот, од кои 22 во Скопје

Редакција