еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Косовските власти дозволија посета на српскиот патријарх Порфириј

Премиерот Аљбин Курти му даде дозвола на српскиот патријарх Порфириј денеска да го посети Косово, соопшти Владата на Косово.

Во соопштението од кабинетот на премиерот, се вели дека министерот за враќање и заедници Ненад Рашиќ побарал дозвола за посета на српскиот патријарх, што Курти ја прифатил.

Порфириј ќе дојде на Косово како дел од подготовките за прославата на православниот Божик.

Според соопштението, српскиот патријарх рекол дека сакал да влезе во Косово без телохранител и оти посетата не ја барал според одредбите на постоечките договори меѓу Косово и Србија.

На 26 декември на патријархот Порфириј му беше забранет влез во Косово.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 449 болни од Ковид-19

Редакција

Каили признала вина за „Катаргејт“ тврдаат медиумите, нејзиниот адвокат демантира

Редакција

Заев: За мене Кики и Фрики не постојат, нема да коментирам за некои псевдоними

Редакција