еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Нов сој на Ковид-19, најзаразен досега, молскавично се шири низ светот

Новиот сој на коронавирусот – XББ. 1.5, со голема брзина се шири низ светот, а според податоците на Светската здравствена организација, тоа е најзаразниот вид откриен од почетокот на пандемијата.

Новиот вид познат и како Кракен, откриен е во најмалку 29 земји откако првпат се појави во Њујорк на 22 октомври, објави „Дејли мејл“.

По појавата на Кракен, забележан е голем пораст на бројот на заболени, што е прво забрзување од таа големина од појавувањето на Омикрон минатата зима.

Кракен иако е многу заразен, според експертит сојот всушност е „роднина“ на омикрон и е релативно понеопасен од неговиот претходник.

На здравствените работници во Велика Британија им е препорачано да носат маски, да работат од дома кога можат и да одржуваат социјална дистанца, со што се постои „ризик од колапс“ на британскиот здравствен систем, истакнува „Дејли мејл“.

Според истражувањата открено е дека Кракен е спој на подсоеви БА. 2.10.1. и БА.2.75 и сочинуваат 75 проценти од случаите во најпогодените делови на САД.

Експертот од Мелбурн, Мајк Хани истакна дека во Велика Британија се регистрирани 28 случаи на кракен, од кои 24 во Англија, два во Велс и по еден во Северна Ирска и Шкотска.

Водечките германски здравствени власти изразија загриженост за новиот вид, а Германија досега пријавила еден случај.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германски компании ќе мора да затворат, поради недостаток на гас

Редакција

„Ако не си се оженил до 40 не очајувај, Реисот нека ти биде пример„: Твитер реакции

Редакција

Семејна драма во Волково: За да си ја заштити ќерката, брат ѝ ја прободел со нож во слепоочница

Редакција