еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За што разговараа Г.г. Стефан и рускиот митрополит Антониј

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан денеска во седиштето на Ахиепископијата во Скопје имаше средба со рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил.

Митрополитот Антониј, беше придружуван од неговиот заменик Николај Балашов и од рускиот амбасадор во земјава Сергеј Бездникин, а пречекан од членови на Синодот на МПЦ-ОА.

Во куската изјава за „Сител“ по средбата, митрополитот Антониј кажа дека дошол во Скопје за лично да му го честита именденот на г.г. Стефан и оти се радува за автокефалноста на МПЦ-ОА.

– Овде сме како претставници на РПЦ за да искажеме честитки за неговиот именден којшто беше пред неколку дена. Донесовме братски пораки и поздрави од нашиот патријарх, рече владиката Антониј.

Тој и г.г. Стефан по средбата заедно го посетија соборниот храм „Св. Климент Охридски“.

Предвидено е г.г. Стефан и митрополитот Антониј, утре заеднички да сослужуваат на архијерејска литургија во Лесновскиот манастир.

Изјава по средбата даде и митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј, кој посочи дека целта на посетата на митрополитот Антониј, кој е задолжен за дипломатијата на РПЦ, е да одржи пријателска средба со поглаварот на МПЦ-ОА, да му го честита именденот и Божик, како и да поразговараат, без да открие детали за што станало збор.

– Ова е прва негова посета на МПЦ-ОА откако РПЦ не призна какао автокефална црква. Ова е посета за која од страна на рускиот патријарх е задолжен да му го честита именденот на нашиот поглавар. Сето тоа беше еден пријателски разговор околу признавањето на МПЦ-ОА од страна на РПЦ и за понатамошна соработка, изјави владиката Тимотеј.

На новинарско прашање, рече дека не се разговарало за томосот што се очекува од Вселенската патријаршија за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

Митрополитот Тимотеј негира и дека посетата била криена и држена во тајност.

Посетата на митрополитот Антониј, која не беше најавена ниту од МПЦ-ОА ниту од РПЦ, се случува во време кога МПЦ-ОА го очекува томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност.

Претходно дел од македонските и бугарските медиуми, повикувајќи се на црковни извори, објавија дека тој доаѓа во Скопје да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со РПЦ.

Потсетуваат и дека митороплитот Антониј во декември минатата година во Софија имал „тајна“ средба со бугарскиот патријарх Неофит по која, како што посочуваат, Синдот на БПЦ одлучи да го признае томосот на СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА.

МИА/Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Санкционирани 67 автобуси кои вршат превоз на ученици, 17 упатени на вонреден технички преглед

Редакција

Најчесто кардиоваскуларна болест: 72,8% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања

Редакција

(Галерија) Дона Каран, Келвин Клајн, Хелена Кристенсен, Кристи Тарлингтон… пробаа македонски вина во Њујорк

Редакција