еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

40-годишен маж од Скопје ја убил мајка му и баба му

Двојно убиство се счучило денеска во скопската населба Карпош на улица „Рузвелтова“. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи за МИА, М.Ј. (40) со остар предмет им го одзел животот на неговата мајка и баба, кои биле на возраст од околу 60 и 80 години.

– Денеска околу 14:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14:20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале.

По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од МВР.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мадона протестира за контролата на оружје со вознемирувачко видео за песната “God control”

Редакција

Нови 617 случаи на Ковид-19 од 4.621 тестирања

Редакција

Филипче: Се предлага отварање на казината, автомат клубовите и теретаните

Редакција