еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Бугари во Скопје на панихида на Мара Бунева, Џамбаски порача дека Македонија била бугарска

Стотина Бугари, најголем број од Бугарија, поддржувачи на делото на револуционерката Мара Бунева, денеска се собраа на кејот на Вардар во центарот на Скопје за одбележувањето на 95-годишнината од нејзината смрт.

Меѓу присутните беше и бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, како и членови на бугарската фондација „Македонија“.

Џамбаски со мегафон им се обрати на присутните.

-Тука сум да ги поддржам Бугарите. Нема да оставам да продолжи политиката на геноцид, наложена од Комитерната. Нема да дозволам продолжување на денационализацијата на Бугарите во РС Македонија, рече меѓу другото Џамбаски во својот говор, а на Фејсбук постирајќи фотографии од настанот напиша: „Да живее бугарска Македонија„, а над едно од видеата: „Еден народ, две држави„.

Настанот помина мирно и без инциденти со зголемено присуство на полицијата.

Фото/видео: Џамбаски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полни раце работа за МВР: За 24 часа поднесени 33 кривични пријави за непочитување на мерките против корона вирусот

Редакција

Да му помогнеме на осумгодишниот Аце кој втор пат е опериран од тумор на мозокот

Редакција

Резултатите од пописот ќе бидат готови во март или почеток на април, догодина

Редакција