еМагазин
Image default
Бизнис

Расте бројот на должници на Листата на УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници за јануари 2023 година, за долгови доспеани до 30.09.2022 и неплатени до 31.12.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници објавени се 1.675 должници – правни лица (повеќе за 15 од претходната листа) и 3.291 физички лица (повеќе за 27 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 7.927.219.196 денари, повеќе за 22.304.136 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.743.734.205 денари, повеќе за 45.553.584 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.484.991 денари (помалку за 23,249,448 денари од претходната листа).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ 10 должници на Листата на УЈП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ер Балитик“ ќе лета два пати неделно Скопје-Рига

Редакција

Катастрофална година за тутунарите: Помал род и послаб квалитет

Редакција

Жито Караорман избришана од Листата за набљудување на Македонската берза

Редакција