еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Хакирана Фејсбук – страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка на Европа) во Скопје вчера била хакирана.

-ОБСЕ потврдува дека Фејсбук-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ, пишува во нивната објава.

По хакирањето страницата на Мисијата на ОБСЕ во земјава е преименувана во „Đỗ Thị Thanh Tâm“.

Во моментов со ОБСЕ претседава Македонија. Претседавањето ќе трае во текот на целата 2023 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неделава ќе се знае кои производи поевтиниле во маркетите

Редакција

Досега вакцинирани 3.028 здравствени работници

Редакција

Приведен 22-годишник кој повредил полицаец на вчерашниот протест, заработи кривична

Редакција