еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Граѓаните сами ќе платат за замената на регистарските таблички со НМК, ќе ги чини до 1.500 денари

Замената на регистарските таблички со ознака МК со нова НМК (NMK) граѓаните треба да ја направат во овластени станици за технички преглед, а тоа ќе ги чини од 1.400 до 1.500 денари.

Министерството за внатрешни работи деновиве информираше дека граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила дека заклучно со 12.02.2024 година мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката МК со ознаката НМК (NMK).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До 12 февруари 2024 мора да се сменат регистарските таблички со „NMK“

-Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблици во овластени станици за технички преглед каде врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарски таблици и од страна на референтот на МВР се издава нова сообраќајна довола и нови регистарски таблици на трошок на сопственикот на возилото.

Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблици е 1.200 до 1.300 денари во зависност од обликот на регистарската таблица, информираат од МВР.

Сопственикот на возилото треба да приложи сообраќајна дозвола и регистарски таблици и важечка лична карта или ако сопственикот е правно лице тековна состојба издадена од Централен регистар.

Плаќањето се врши на пост терминал или на уплатница пп50.

Согласно Законот за возила, доколку возилото е во сообраќај со поинакви регистарски таблици од пропишаните предвидена е глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе биде ли доволен двегодишниот период даден од УНЕСКО, конечно да се сруши хотелот-дивоградба во Лагадин

Редакција

Кинеските вакцини во Македонија се очекуваат на 15 или 16 февруари

Редакција

Милан Радоичиќ уапсен во Србија

Редакција