еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска бара кривично да се гони Висар Ганиу, градоначалникот на Чаир

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска донесе одлука за покренување иницијатива до надлежното Основно јавно обвинителство за поведување кривична постапка против градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и овластен градежен инспектор поради основано сомнение за „злоупотреба на службена положба и должност“.

Антикорупционерите сметаат дека постои основано сомневање дека со непостапување на градоначалникот на Општина Чаир и овластениот градежен испектор за изградба на објект на улица „Војдан Чернодрински“ во општината овозможиле прибавување корист за друго лице со незаконско градење.

Членот на ДКСК, Владимир Георгиев, појасни дека самото не постапување и не одговарање на дописите на Државниот градежен инспекторат и ДКСК, создале сомнеж дека се знаело за објектот, меѓутоа не се постапувало.

-Барањето од група граѓани, кои што се обратиле до Државниот инспекторат за градежништво е од крајот на 2018 година. Ние, одговорот со сите ургенции го добивме три години подоцна, изјави Георгиев.

Предметот е доставен од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, по пријава до нив од граѓани против непознат инвеститор за сторено дело – бесправно градење на објект.

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ја доставил претставката до овластениот градежен инспектор во Општината Чаир, а од градоначалникот е побарано да ги преземе сите со закон предвидени дејствија.

– Бидејќи не бил добиен одговор од општината, Државниот инспекторат поднел ургенција, на која што повторно не добил одговор. Поради наведеното Државниот инспекторат се обраќа до ДКСК и изразува сомневање дека општината не поседува документи и станува збор за дивоградба, поради што се бара од ДКСК итно да се побара одговорност од вклучените лица, појасни Георгиев.

ДКСК, се обратиле до Општина Чаир, но не добиле одговор, иако упатиле и ургенција. По третата ургенција до ДКСК пристигнал одговор, при што по увид во списите е констатирано дека за објектот имало барање за утврдување статус на бесправно изграден објект и констатирано било дека објектот ги исполнува условите за легализација.

– Имаме не постапување по барања на Државен градежен инспекторат. Исто така, и на нашите две претходни барања и ургенции не беше доставен одговор. Сето ова упатува на сомневање за неизвршување на својата службена должност на градоначалникот и овластениот градежен инспектор во општината, изјави Георгиев.

ДКСК, посочува дека доколку било постапено по барањата на Државниот градежен инспекторат и Антиркорупција во периодот од крајот на 2018 година до крајот на 2021 година би можело да биде спречено и да бидат применети одредбите за уривање на градбата и други мерки предвидени во законот, а кои што се во надлежност на општината.

МИА/Фото: Фејсбук/Ганиу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради претходно закажано судење за „ТНТ“, одложено рочиштето за „Титаник”

Редакција

Тетовец нашол торбичка со пари и документи, ја предал на полицијата, која за брзо време го нашла сопственикот

Редакција

МНР: Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во хотел во близина на манастирот Бањска, во кој се напаѓачите на косовската полиција

Редакција