еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР: Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во хотел во близина на манастирот Бањска, во кој се напаѓачите на косовската полиција

Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на МНР, добиена е информација за седум државјани на Македонија, од кои едното од нив дете, се сместени во хотел во непосредна близина на манастирот во селото Бањска, каде е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили.

Како што соопшти МНР, Амбасадата на Македонија во Приштина е во комуникација со преставници на Министерството за внатрешни работи на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани.

Во текот на денот, во неколку наврати министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари директна комуникација со неговата косовска колешка Доника Гервала-Шварц и во моментов косовските полициски го обезбедуваат хотелот каде се сместени нашите државјани, од каде се очекува после оствареното интервју тие да бидат испратени кон дома, стои во соопштението на МНР.

Претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани, сѐ до целосно завршување на нивниот трансфер, додаваат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиени тројца од групата која уби косовски полицаец во северно Косово

Група вооружени лица со оклопно возило упаднаа во манастирот во Бањска во Косово, има пукотници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на бензините останува иста, дизелот поскапува за 4 денари

Редакција

Еврокомесарот Вархеји од Охрид во Софија на средби со Радев, Петков и Генчовска

Редакција

Починаа уште 25 лица од Ковид-19, меѓу нив и 34-годишен кумановец

Редакција