еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Двојно убиство во Гевгелија, брат го убил брати си и снаата

Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека вечерва ги убил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62).

Веста за МИА ја потврдија од СВР Струмица од каде информираа дека вечерва околу 19 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.Г., кој околу 18:50 часот пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговиот брат и снаа, кои починале на местото на настанот.

Смртта кај сопружниците ја констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија, а лицето е задржано во Полициската станица во Гевгелија и од него било одземено оружјето со кое го извршил убиството.

Увид на местото на убиството извршил јавен обвинител и увидна екипа од гевгелиската полиција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Хасим Деари, секторскиот директор во М-НАВ, кој не е разрешен

Редакција

Расчистен патот Маврово – Дебар

Редакција

(Фото) На 3. август Лидл почнува со градба на маркет во Битола

Редакција