еМагазин
Image default
Бизнис

Капиталните инвестиции и кредитниот раст во главен фокус на Стопанска банка АД – Скопје

Со раст на нето-добивката, силна кредитна поддршка на населението и на бизнис-секторот, како и со раст на бројот на клиенти и депозити, Стопанска банка АД-Скопје успешно ја заокружи 2022 година, информираат од таму.

-Постигнатите високи резултати во работењето се продолжение на континуираниот раст на Банката и на силната посветеност кон клиентите, вработените и заедницата во целост.

Анализата на податоците од работењето на Банката во минатата година покажува раст и развој во сите сегменти. Постигнувањата се резултат на стабилниот систем на Банката, внимателното пристапување кон ризиците, докажаниот бизнис-модел, силната капитална позиција и доброто корпоративно управување. Сето ова го зацврстува статусот на Стопанска банка како лидер во пазарното учество и важен фактор во креирањето и одржувањето на стабилноста на финансискиот систем во земјата.

Стопанска банка успешно се справи со наметнатите предизвици од неизвесното финансиско опкружување на светско ниво и ја заврши годината со нето добивка пред оданочување во износ од 2.617.019 илјади денари (42.557.860 евра).

Истовремено, остварената добивка пред оданочување и исправка на вредност изнесува 3.851.117 илјади денари (62.626.713 евра), што претставува зголемување за 10% во однос на 2021 година.

Поддршката на населението и стопанството е евидентнa преку зголеменото кредитно портфолио за 10% во однос на минатата година. Фокусот на Банката и во наредниот период ќе биде насочен кон кредитниот раст преку пласман на кредити за физички лица и за бизнис-секторот. И покрај финансиската несигурност и високата инфлација, депозитите пораснаа за 5%, што ја потврдува силната доверба на клиентите во Банката.

Банката со најдолга традиција на пазарот минатата година започна ново поглавје во своето работење со инвестиција во новата компанија „Стопанска лизинг“, која на физичките лица и компаниите им нуди финансиски и оперативен лизинг преку највисоко ниво на финансиска поддршка и советување. Со ова Банката го збогати финансискиот пазар со нови производи во сферата на лизингот.

Позитивните финансиски резултати се стабилна основа за натамошни капитални инвестиции на Стопанска банка. Најзначајна од нив е и изградбата на нова административна зграда во центарот на Скопје која започна при крајот на 2022 година. Оваа многу значајна инвестиција на Банката, за чија изведба и изградба се ангажирани исклучиво домашни компании, претставува значаен проект не само за вработените и клиентите туку и поттик за целокупната економија во земјата.

Покрај тоа, Банката продолжува со инвестициите во дигитализацијата на банкарските услуги во согласност со светските трендови и вложувањето во развојот и едукацијата на вработените.

Минатата 2022 година на Стопанска банка АД – Скопје ѝ донесе признание за најдобра банка во Република Северна Македонија според реномираниот магазин „Euromoney“ од Лондон, Обединетото Кралство, кој ја оценува работата на банките и финансиските институции во светот според различни критериуми, како што се остварените резултати во работењето, позицијата на пазарот, иновациите и воведените нови услуги, системот на управување и односот на вработените, велат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во две блок трансакции продадени акции од „ЗК Пелагонија“ за 374.000 евра

Редакција

Здруженија и синдикати бараат казни и присилна наплата за фирмите кои зеле државна помош, а не исплатиле плати

Редакција

Главната зграда на Еуростандард банка се нуди на аукција за 8,4 милиони евра

Редакција