Во планинските места и голем дел од градови и населени места утрово се измерени минусни температури. Најладно беше на Попова Шапка -15 степени, каде исто така има наврнато и најмногу снег 61 сантиметар.
Времето денеска е променливо облачно и многу студено. На повеќе места ќе дува засилен до силен ветер (над 70 км/час) од северен правец. Наместа во северните подрачја и на планините, ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне од -3 до 3 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и многу студено. Претпладне во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 0 степени.
Утрово најладно беше на Попова Шапка – 15 степени, во Маврови Анови и Крушево се измерени -10 степени, во Берово – 7, Претор – 6, во Крива Паланка, Охрид, Прилеп и Дебар – 5, Битола – 4, во Штип и Виница – 3, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Струмица – 2, во Скопје-Петровец и Демир Капија – 1, во Дојран 0 и во Гевгелија 1 степен.
Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка 61 сантиметар, во Маврови Анови 16, во Ѓуриште шест, во Крушево пет, во Берово четири, и во Крива Паланка и во Дебар два сантиметри.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Дебар седум литри на метар квадратен и во Крива Паланка пет.
Фото: Unsplash