еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Седумнаесетгодиша Скопјанка забременила од лице што ја силувало

На седумнаесетгодиша девојка од Скопје и е констатирана бременост откако пред околу четири до пет месеци врз неа непознато лице извршило обљуба.

Според МВР, случајот вчера во полиција го пријавил таткото на девојката.

Девојката била пресретната од напаѓачот кај Железничката станица, по што тој ја внел во возило и ја силувал.

Таткото за овој немил настан дознал пред три недели од разговарот со неговата сопруга и со ќерката.

Бременоста на девојката е потврдена на скопската Клиника за гинекологија.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајден машки труп во каналот од хидросистемот „Брегалница“

Редакција

Малолетничка пријавила дека сосед ја допирал по телото

Редакција

Убава вест: Оздравени 526 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција