еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Лекот „трикафта“ за најкритичните пациенти со цистична фиброза ќе се набави најдоцна за еден месец

Владата ја информира јавноста дека се завршени административните процедури кои беа потребни за итна набавка на лекот „Трикафта“ за најкритичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, и тоа во кус рок.

-Испораката на лекот „Трикафта“ за овие пациенти се очекува да биде извршена од страна на добавувачот, во најбрз можен период, не подолг од 30 дена, согласно процедурите за работа на самиот производител и добавувач, а врзани со спецификите на самиот лек.

За оваа намена од Фондот за здравство минатата недела беа одобрени над 2,2 милиони евра, а во соработка со сите релевантни институции во изминатите неколку дена беа завршени сите постапки со кои се овозможува непречена итна набавка на лекот „Трикафта“ за критичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза.

Дополнително во текот на денешниот ден во Владата ќе се одржи втор состанок на посебното тело во кое се директно вклучени и институциите и претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза.

На денешниот состанок, во инклузивен и транспарентен процес, се очекува да се финализираат потребните измени на законските решенија, со што ќе и се овозможи на државата директно да преговара за набавка на лекот “Трикафта“ и на овој начин да се обезбеди лекот за сите пациенти.

Со овие измени на постоечките законски регулативи, кои се очекува работната група да ги заврши до крајот на неделата, се обезбедува системско решение, бидејќи државата ќе е во можност преку директни преговори со производителот на лекот да ја набавува потребната терапија, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одобрени над 2,2 милиона евра за лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза

Почина пациент со цистична фиброза, кој што лекот го барал од 2020 година

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ЕУ дипломатијата нема волја за одвојување на Албанија и Македонија

Редакција

(ВИДЕО) Пулмологот Мехмедовиќ објаснува на што се должи големата смртност од Ковид-19 во Македонија

Редакција

„ТАВ Македонија“ нема планови или намери да влегува во бизниси различни од аеродромското работење

Редакција