Стопанска банка АД Битола оствари позитивен финансиски резултат за 2022 година, односно нето-добивка во износ од 29,95 милиони денари, информираат од Банката преку Македонската берза.
-Нето-приходите од камати бележат зголемување за 15,32 %, односно 44,48 милиони денари во однос на остварувањето од минатата година. Приходите од камати се повисоки за 40,54 милиони денари, односно 10,16 %, додека расходите за камати бележат годишно намалување од 3,94 милиони денари, односно 3,63 %. Планот на нетоприходи од камати за 2022 година, е остварен со 98,10 %.
Нето-приходите од провизии и надоместоци се пониски за 8,45 милиони денари, односно 5,55 % во споредба со претходната година. Притоа приходите од провизии и надоместоци се помали за 1,32 милиони денари, односно 0,61 %, а расходите за провизии и надоместоци се повисоки за 7,13 милиони денари, односно 10,76 %.
Растот на расходите за провизии и надоместоци главно произлегува од работата со платежните картички, паралелно со зголемените тарифи на провајдерите Visa и Master. Остварувањето на планот за 2022 година во оваа позиција изнесува 88,55 %.
Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 25,31 милиони денари и пониски за само 0,76 милиони денари, односно 2,90 % споредено со истите од минатата година, а планот за 2022 година е остварен со 93,72 %.
Останатите приходи од дејноста се повисоки за 7,18 милиони денари, односно 25,27 % во споредба со 2022 година, како резултат на остварени капитални добивки од продажба на преземен имот. Планот за 2022 година во оваа позиција е реализиран со 122,88 %.
Според проценките за квалитетот на кредитното портфолио во значително тешки економски услови за клиентите на Банката, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува -77,09 милиони денари.
За разлика од 2022 година, во 2021 година беше извршено еднократно ослободување на исправка на вредност од наплата на претходно отпишано побарување од каде што произлегува разликата во реализираната нето-исправка на вредност во двете споредбени години.
Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа е позитивна во износ од 12,75 милиони денари, што се должи на продажба на дел од преземениот имот и ослободување на претходно издвоената исправка на вредност во согласност со регулативата на НБРСМ.
Трошоците за вработените бележат зголемување од 4,88 % во споредба со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 99,35 %.
Останатите расходи од дејноста се повисоки за 9,19 %, а реализацијата на планот изнесува 88,70 %. Амортизацијата е зголемена за 11,57 % на годишна основа, а планот е остварен со 99,02 %, велат од Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стопанска банка Битола со загуба во првите девет месеци