Основното јавно обвинителство (ОЈО) за гонење на организиран криминал и корупција ја обжали ослободителната пресуда за актерката Силвија Стојановска за учество во шверц на дрога, која претходно ја донесе Основниот кривичен суд, пренесува Фокус.
Денеска во скопска Апелација се одржа седница по однос на жалбата со која се бара да биде укината пресудата и предметот да биде вратен на повторно судење.
Вишото јавно обвинителство предложи да се уважи жалбата на Основното јавно обвинителство како основана.
Според жалбата на ОЈО, во ослободителната пресуда е погрешно утврдена фактичка состојба и пресудата е нејасна.
Апелација има законски рок од 60 дена да се произнесе по жалбата поднесена од Обвинителството.
Пред да биде донесена ослободителната пресуда во септември минатата година, Апелација донесе одлука да го врати предметот на повторно судење, откако првично Стојановска беше осудена на три ипол години затвор поради шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија, пишува Фокус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Актерката Стојановска ослободена од обвинението за шверц на дрога
Фото: МИА