еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Девојчето кое почина од струен удар во Илинден имало 14 години: Детали од Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на МВР и обдуцент од Институтот за судска медицина изврши увид на лице место на железничка станица во општина Илинден, каде според првичните сознанија, како последица на струен удар починало 14 годишно девојче, информираат од Обвинителството.

-Првичните информации упатуваат на тоа дека несреќата се случила кога девојчето со уште две други деца си играло околу паркираните вагони, при што во еден момент се качило на еден од вагоните и се допрело до жиците за струја под висок напон.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче.

Со двете малолетни лица – сведоци на настанот е извршен разговор, местото е фотографирано и се работи на испитување на сите околности кои довеле до трагичниот настан, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девојче во Илинден почина од струен удар од жици на вагон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице побарало евакуација од Израел, апел до македонските државјани да се пријават во амбасадите

Редакција

„Принцот“ го издрибла владиниот протокол: Денот кога Заев стана колега со Памела Андерсон

Редакција

Убава вест: 197 оздравени од Ковид-19

Редакција