еМагазин
Image default
Бизнис

Во Алкалоид лани 187 нови вработувања и раст на инвестициите за 24%

Во периодот јануари-декември 2022 година во Алкалоид АД Скопје се реализирани 187 нови вработувања во Македонија, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид, во март 2022 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од нето износ од 30.000 денари.

Во декември 2022 година, Управниот одбор по повод новогодишните и божиќни празници, одобри исплата на новогодишен надоместок за вработените во нето износ од 31.000 денари.

Групацијата Алкалоид брои 2.617 вработени, од кои 2.019 се во земјата, а 598 се вработени во подружниците во странство, велат од таму.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-септември 2022 година изнесуваат 1.474.213 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат раст од 24%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид лани со раст на приходите од 16% и на добивката од 12%

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ППЦ – мајката фирма на ЕДС која се „бори“ на тендерот за снабдувач за домаќинствата, под истрага од Европската комисија

Редакција

На македонскиот пазар пристигна новиот балканскиот бренд Autoto кој се занимава со продажба на користени возила од сите брендови

Редакција

„Виз ер“ објави 100.000 билети од и до Дормунд за 9,99 евра

Редакција