еМагазин
Image default
Македонија

Нов оглас за избор на обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Советот на јавни обвинители на денешната 75. седница донесе одлука за распишување нов оглас за избор на четворица јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Претходниот оглас за обвинители во ОЈО ГОКК пропадна, а недостигот на јавни обвинители во едно од најважните обвинителства беше решено со привремено упатување на обвинители.

Советот на ЈО на 67. седница во октомври минатата година не избра ниту еден од шестмината пријавени кандидати за јавни обвинители во ОЈО ГОКК, откако на гласањето, ниту еден од нив не го доби потребното мнозинство гласови. На овој оглас, пријавени беа Милица Гаврилова и Маја Коневска од ОЈО ГОКК Скопје, Елизабета Јосифовска од ОЈО Гостивар, Верица Бержевска Крстевска од ОЈО Скопје и Златко Биковски од ОЈО Берово.

Тогаш со одлука на Советот, јавните обвинителки Милица Гавриловска и Маја Коневска беа вратени во ОЈО, каде биле и пред да се кандидираат.

На денешната седница Советот, исто така донесе одлука за објавување оглас за избор на шеф на Основното јавно обвинителство – Штип.

Совет, иако ја разгледа можноста за донесување на одлука за распишување на оглас за избор на јавни обвинители во Вишите јавни обвинителства во Скопје, Гостивар и Битола, сепак не донесе таква одлука.  На ова, реагираше заменик претседателот на Советот, Арбер Исаку, кој истакна дека шест месеци ова прашање стои отворено и не може да се донесе одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавен оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства, но не и за скопското

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор и истрага за Љупчо Палевски, првоосомичениот за убиството на Вања и Панче

Редакција

Продолжува судењето за насилството во Собранието, ќе бидат сослушани четворица сведоци

Редакција

(Видео) Притвор за командирот на шумската полиција во Битола за примање поктуп

Редакција