еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Горан Иванов именуван за в.д. директор на Управата за финансиска полиција

Горан Иванов е именуван за в.д. директор на Управата за финансиска полиција. Како што потврдија за МИА извори од Владата, тој на должноста е именуван на денешната владина седница.

Иванов доаѓа на местото на досегашниот директор Арафат Муареми, кој даде оставка по меѓусебните обвинувања и преписки со обвинителката Вилма Рускоска, која во моментот е суспендирана од функцијата шефица на Јавното обвинителство за гонење организирал криминал и корупција, а за нејзината жалба утре ќе одлучува Советот на јавни обвинители.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катица Јанева: Кога ние побаравме притвор за Груевски, судовите не одбија

Редакција

Задолжителен карантин за лица кои доаѓаат од Африка, бара Комисијата за заразни бoлести

Редакција

Унгарскиот министер Сијарто: Незапочнувањето на преговорите со Македонија е нечесен чекор од страна на ЕУ

Редакција