еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Доколку состојбата со банките беше како што е прикажана во извештајот, тие немаше да ги издржат силните шокови, вели поранешниот гувернер Богов за обвинувањата на Костовски

Извештајот нарачан од некогашниот акционер и претседател на Надзорниот одбор на пропадната Еуростандард банка има сериозен проблем со кредибилитетот поради конфликт на интереси и користење на селектирани информации, вели во дописот до јавноста поранешниот гувернер на Народна банка, Димитар Богов.

Тој додава дека „токму поради дел од тие слабости и самиот автор ја искажува резервираноста за неговата употребна вредност.“

„Како поранешен гувернер во дел од периодот опфатен со извештајот, можам да кажам дека реалноста целосно го демантира истиот. Доколку состојбата навистина би била таква како што тој ја прикажува, македонскиот банкарски систем немаше да издржи неколку силни надворешни шокови во изминатите 20 години.

Тој издржа сериозни предизвици, како што беа: безбедносната криза во 2001-та, глобалната финансиска криза во 2008-та, грчката должничка криза, внатрешната политичка криза и неодамншената глобална пандемија.

Затворањето банки не е непознато нешто во светот на финансиите и тоа се случува секоја година и во развиените економии. Тоа секогаш е последица на погрешните кредитни одлуки на управните и надзорните одбори на банките, како што впрочем беше и во случајот на ЕСБ.

По закон регулаторот обично има должност да се грижи за стабилноста на банкарскиот систем, но не и за секоја индивидуална банка. И покрај сите мерки кои му стојат на располагање на регулаторот за да ги намали ризиците во работењето на банките, единствено акционерите се надлежни за управување со своите банки,“ вели Богов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството за истрагата на Трифун Костовски: ЈО е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка

„Никој нема право да изнесува небулозни наводи и обвинувања“: Реакција на МБА за обвинувањата од Костовски

Костовски и странски експерти обвинија за незаконска шема меѓу банките во Македонија, која функционира од 2004

Фото: Народна банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 280 пациенти кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Преброени над 80 проценти од гласовите: Пендаровски 42,59 отсто, Силјановска 41,60 и Река 11,57

Редакција

Нов повик и нови критериуми за субвенциониран авиопревозник

Редакција