еМагазин
Image default
Македонија

Груевски, Јанакиески и Пешевски на суд: Нови рочишта за „Траекторија“ и „Тарифа“ на СЈО

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите „Траекторија“ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид.

Досега на рочиштата за „Траекторија“ се преслушани околу 300 разговори, од таканаречените бомби предложени како докази. Во сите разговори се слуша гласот на поранешниот министер за транспрот и врски Миле Јанакиески со соговорници во кои се договара кои македонски компании да учествуваат во изградбата на патот.

На обвинителна клупа денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“  Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците

Редакција

Во Тетово се протестираше за пожарот во модуларната болница, дел од демонстрантите се судрија со полицијата

Редакција

Заев ја осуди полициската бруталност врз Ромите

Редакција