Во морето од трагични вести по железничката несреќа во Грција, херојското дело на дваесетгодишниот студент Андреас Аликаниотис е во фокусот на грчките медиуми.
Аликаниотис успеал сам да го скрши стаклото и да спаси најмалку десет млади луѓе. Од вториот вагон на возот излегол речиси неповреден, пркосејќи му на огромниот оган што горел покрај него, не се откажал од желбата да спаси луѓе.
„Иако небото денеска беше исполнето со ангели, ние имаме среќа меѓу нас да имаме земски ангел, дваесетгодишниот студент Андреас Аликаниотис, кој излезе речиси неповреден од вториот вагон.
Тој е херој затоа што ризикувајќи го својот живот, со огромен оган покрај него, не го напушти вагонот туку сам успеа да го скрши стаклото и спаси уште најмалку десет деца, момчиња и девојчиња.
Во денешниот мрачен ден Андреас ни покажа дека новата генерација Грци има добрина, принципи и морал! Честитки за мојот убав Андреас, честитки за родителите кои те воспитале!“, се наведува во соопштението на Лекарското друштво Лариса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Твитер